Дурмиши: Во октомври и ноември се бележи пад на цените заради мерките на Владата


Министерот за економија Бесар Дурмиши (Фото: Б. Грданоски)

Пратеничката Дијана Тоска од Европскиот фронт на денешната собраниска седница од министерот за економија труд, Бесар Дурмиши побара да појасни како е дојдено до бројките дека има намалување на цените во малопродажбата кога анализите сè уште не се готови, а граѓаните се жалат на високите цени.

Министерот Дурмиши напомена дека уште во октомври биле преземени мерки за намалување на износот на потрошувачката кошничка и дека новогодишната кошничка исто така била поддржана од трговците и дистрибутерите и како што нагласи тоа ги дало ефектите.

– За работата на инспекторатот сакам да кажам дека по 15 години за прв пат се контролираат цените на увозниците и трговците. А во месеците октомври и ноември се бележи пад, заради мерките на Владата, рече Дурмиши.

За бојкотот на маркетите, министерот Дурмиши напомена дека е легитимно право на граѓаните и го поддржува. Останува уште кај некои трговци да се направат контроли и ќе бидат донесени соодветни одлуки.

Тој напомена дека наскоро очекува средба помеѓу ресорните министерства и претставници на институции и да се дојде долгорочното решение за стабилни цени. За ова, како што рече министерот Дурмиши наскоро ќе се разговара и на владина седница.

Пратеникот на СДСМ Борче Цветков, кој го праша Дурмиши за тоа кој ќе понесе одговорснот во власта за дебаклот со мерките и така наречените „кошнички“ со што за осум месеци ги доведе граѓаните до работ на егзистенцијален колапс.

Министерот Дурмиши кажа дека е направено ограничување на маржите кои ги ставиле трговците.

– Почнавме и правиме една нова метологија за минималнта кошница со што ќе има минимална и средна кошница, со што ќе бидат опфатени сите релеватни институции и ќе се претстави и пред синдикатите и пред работодавачите и ќе биде рална врз основа на податоците од Државниот завод за статистика, рече Дурмиши.

Во врска со бојкотот, меѓудругото кажа тој, не само кај нас туку и во сите држави на Западен Балкан има една ваква акција и е разбирлива.