Дури 82 отсто од вакцината на „Фајзер“ нарачале богатите земји
„Фајзер“ веќе продаде 82 отсто од залихите на вакцина за корона вирус на некои од најбогатите земји во светот што предизвика загриженост дека нема да има доволно за луѓето од сиромашните земји.
Фармацевтскиот гигант „Фајзер“ и неговиот германски партнер „Бионтех“ имаат намера да произведат 1,3 милијарди дози во текот на 2021 година, но поголем дел од вакцините однапред се нарачани од Велика Британија, Јапонија, ЕУ и САД. Тие држави, кои копија стотици милиони дози, претставуваат само 14 отсто од глобалната популација.
САД ќе добие 600 милиони дози, Велика Британија 40 милиони, Јапонија 120, а ЕУ 300 милиони дози.
Анализа на продажбата спроведе групата за здравствена и социјална правда со седиште во Велика Британија „Глобал џастис нау“, која предупреди дека недостигот на еднаков притап до вакцините на „Фајзер“ загрозува многу животи ширум светот.
Одвоено истражување кое го спроведе фондацијата Бил и Мелинда Гејтс покажува дека правичната дистрибуција на вакцините против корона вирусот глобално би спречила 61 отсто од смртните случаи, а доколку дозите прво се поделат на богатите земји бројот на смртни случаи би се намалил само за 33 отсто.
Политичкаѕа менаџерка на „Глобал џастис нау“, Хајди Чоу, вели дека вакцината на овие две компании е добра вест замо за мал дел од човештвото.
„мора да покренеме монопол над оваа вакцина за да ја прават повеќе производители. Доколку не сакаат да го споделат својот патент, тогаш би се случил вештачки индуциран недостиг кој сега е потполно неприфатлив“, вели таа за Индепендент.