Дуплантис ја освои наградата „Лауреус“ за 2024 година

Скокачот со стап Арман Дуплантис и гимнастичарката Симон Билс се прогласени за спортисти на годината – „Лауреус“ за 2024 година.
Доделувањето на наградите се одржа вчеравечер во Мадрид.
Кај мажите, Формула 1 возачот Макс Верстапен, тенисерот Карлос Алкараз, пливачот Леон Маршанд и велосипедистот Тадеј Погачар беа исто така во конкуренција за наградата.
Меѓу номинираните во женска конкуренција беа фудбалерката на Барселона, Аитана Бонмати, тенисерката Арина Сабаленка и атлетичарите Сифан Хасан, Фејт Кипјегон и Сиднеј Меклафлин-Левроне.
Дваесет и петгодишниот Дуплантис освои златен медал на Олимписките игри во Париз во 2024 година, а исто така три пати го собори светскиот рекорд во скок со стап.
Билес (28) освои три златни и еден сребрен медал на Игрите во Париз.