ДУИ за Вреди: Ветија албанска банка, донесоа српска банка и „српски свет“


ВРЕДИ во изборната програма за 2024 година вети основање на Албанска банка со доминантен албански капитал, како гаранција за економско зајакнување на Албанците и рамномерен регионален развој. Денес, наместо да го исполни ова ветување, како слуга на ВМРО, ВРЕДИ ги отвори вратите за навлегување на „српскиот свет“ во банкарскиот сектор на Северна Македонија преку „Алта банка“, наведува ДУИ во соопштение.

„Ова не е обична финансиска инвестиција, туку директен политички и економски проект на Белград за преземање контрола врз стратешките институции на државата. Банката не е само приватна компанија – таа е механизам за политичко влијание, перење капитал и создавање економска зависност на земјата од интересите на Србија.Фактите се јасни:

• Поставувањето на Маја Кадиевска Војновиќ, поранешна членка на ВМРО, на чело на банката е резултат на личното лобирање на Мицкоски кај Вучиќ.
• Професионалците од финансискиот сектор предупредија за ризикот по угледот на државата пред ЕУ и меѓународните институции – владата и безбедносните институции молчат.
• Претседателката и нејзиниот кабинет го релативизираат проблемот, претставувајќи го како „нормална“ инвестиција, иако сите знаат дека се работи за политички инструмент на „Српскиот свет“.

Наместо да гарантираат албански капитал и рамномерен економски развој како што ветија, ВРЕДИ и нивните партнери го предаваат банкарскиот сектор – срцето на економијата – во рацете на Белград.Ова не е економско прашање, туку прашање на национална безбедност. Српска банка значи српско влијание врз кредитите, бизнисите и финансиското одлучување во земјата. Тоа значи контрола на стратешките сектори и слабеење на евроатлантската ориентација.

ВРЕДИ лаже на секој чекор: Ветија албанска банка, донесоа српска банка, ветија европска интеграција, донесоа „Српски свет“ и руско влијание, ветија независно одлучување, донесоа зависност од Вучиќ и Белград.ДУИ повторно нагласува дека Северна Македонија не смее и не треба да дозволи банкарскиот сектор и стратешките институции да бидат преземени од дестабилизирачките интереси на Белград. Финансискиот интегритет и евроатлантската ориентација не се предмет на преговори. Молкот е соучесништво“, порачуваат од ДУИ на кои „Српскиот свет“ им станма главна тема на изборите.