ДУИ: Во Клиничката болница во Тетово директорот склучил договор со роднина
ДУИ реагира на информациите дека во Клиничката болница во Тетово директорот склучил договор од 300 илјади евра со таткото на снаата, што според нив е јасен доказ за „невидена морална деградација“.
-Како е можно вакви луѓе, со криминален ум и без ни малку милост, да ги збогатуваат своите семејства додека пациентите, меѓу кои и деца, ги губат животите поради лошото управување и недостигот на лекови и основни услуги? Може ли некој да замисли поголема неодговорност и потполно игнорирање на животот на луѓето? Дали ова е стандардот што министерот за „бизнис“ во здравството го постави за јавните здравствени услуги? Наместо да обезбедат основни лекови и услови за лекување, овие лица одбрале да ја злоупотребуваат болката и страдањето на пациентите за да ги наполнат своите и џебовите на своите блиски“, велат од ДУИ.
ДУИ го осудува ова неприфатливо и криминално однесување и порачува дека здрвството е сектор што треба да служи за спасување животи, а не за создавање богатство за фамилијарни кланови поврзани со неспособни и корумпирани раководители. Партијата исто така ги повика правосудните органи и сите релевантни фактори да интервенираат.
-Одговорните за оваа деградација мора да сносат законска и морална одговорност за ненадоместливата штета што им ја нанесуваат на пациентите и граѓаните на оваа земја, порачуваат од ДУИ.