ДУИ: ВМРО и Мицкоски поттикнуваат војна против Албанците

Демократската унија за интеграција предупредува дека втор ден по ред по скандалозните изјави на Александар Николоски во кои повикувал на војна среде собрание, слично на наративот од 27 април, ниту Христијан Мицкоски, ниту ВМРО-ДПМНЕ не се дистанцирале од тие закани.
„Николоски е поттикнат од неговиот лидер Мицкоски, којшто објавува слика од заклетва во маскирна униформа, со празен ‘калашников’ во рацете, и опкружен со деца и жени, во којшто демонстрира закани кон Албанците.
Мицкоски сѐ уште не одговори дали има вистина во тврдењата на неговите градоначалници дека изрично им забранил да ги легализираат домовите на Албанците во тие општини иако ги исполнуваат законските услови, дека им забранил да соработуваат со албански бизнисмени и да не издаваат дозволи за градба, со порив од расистички демографски политики.
Нивната мртва трка со Левица на Апасиев поттикнува етничка нетрпеливост којашто ја гледаме и слушаме секојдневно на контактните емисии на македонски телевизии и тоа е директна последница на наративот и сликите нa Мицкоски, Николоски, Апасиев“, порачуваат од ДУИ.
Претходно ВМРО-ДПМНЕ влезе во отворена вербална војна со оваа партија на Албанците обвинувајќи ги за финансиски злоупотреби и богатење.