ДУИ: Владата без предупредување ја поскапи струјата за над 65.000 фирми за над 50 отсто


ДУИ ги пренесува  поплаките на на микро, малите и средните претпријатија дека Владата на нетранспарентен начин ја зголемила цената на струјата за над 65.000 микро, мали и средни претпријатија за повеќе од 50%.

„Дури и таа од 8,78 ден/kWh стигна до 13,37 ден/kWh или за повеќе од 50%. Сакаме да ја информираме јавноста дека оваа акција директно влијае на буџетот на граѓаните со зголемување на цената на производите и услугите како и оштетување на ликвидноста на компаниите.Со незголемувањето на минималната плата, платите во јавниот сектор, ваквата акција ќе влијае на влошување на животниот стандард на нашите граѓани“, известуваат од оваа партија“, стои во реакцијата на ДУИ.

Од партијата апелираат што поскоро да се преземат мерки за намалување на цената на струјата како и на цените на прехранбените производи во интерес на граѓаните и микро, малите и средните компании кои сочинуваат 98% од активните компании во државата.