ДУИ ја повикуваат ВМРО-ДПМНЕ да иницира истрага за нив


Опозициската ВМРО-ДПМНЕ прерасна во фабрика на лажни вести и пропаганда налик на таа на Гебелс каде што креираат непостоечко прашање и го повторуваат се додека не започнат и самите да му веруваат, порачаа денес од ДУИ, откако опозициската партија изнесе серија обвинувања на сметка на лидерот на партијата Али Ахмети и неговото семејство.

-Лажни вести за албанскиот јазик, лажни вести за мигранти, за Преспанскиот договор, за бугаризација, за инфлацијата, за Коридорот 8, за енергетската криза, за пандемијата, за Данела Арсовска, за наводна корупција, како и многу други теми. ВМРО покрај лажните вести, јасно и гласно наговести дека ги игнорира сите совети и напори на меѓународната заедница за продолжување на европскиот пат на нашата земја. ВМРО ДПМНЕ планира да ја изолира нашата земја и да ја врати заробената држава.

ДУИ ги повикува сите политички партии да потпишат иницијатива до Јавното обвинителство како и до меѓународните институции за целосна истрага на сите наши функционери, на власта и на опозицијата во последните 20 години како и да поддржат целосен ветинг во политиката, судството и обвинителството, порачуваат од оваа партија.