ДУИ и Вреди реагираат на одлуката на Уставниот суд за училиштето во Кондово


 

 

Од ДУИ остро ја осудија, како што велат, политичката и антиуставна одлука на Уставниот суд со која и се забранува на Исламската верска заедница да организира седно образоване, право кое го има од 1984тата година.Тие ја повикаа меѓународната заедница да реагира.

-Оваа одлука претставува директен напад врз верската слобода, врз достоинството на муслиманската заедница и врз едно право што беше добиено како исправка на историска неправда за време на претходна влада. Ова не е само правно прашање – ова е битка за колективното достоинство. Но, она што е уште потешко од самата одлука е срамната тишина на албанските претставници во оваа влада, стои во дел од соопштението на ДУИ.

Владините коалиционери, Вреди пак ќе бараат начин за легализирање на медресата во Кондово, но одлуката на Уставниот суд  ја толкуваат како личен пораз на Али Ахмети и ДУИ.

-Ова е личен пораз на Али Ахмети и неговата клика, кои секогаш си играа со верските чувства на Албанците, само за теснопартиски политички интереси. Денес вистината излезе на виделина – Медресата никогаш не била акредитирана на законит начин. ДУИ ја користеше во предизборни кампањи, исто како што ги користи сите симболи, чувства и потреби на Албанците – за да ги изманипулира.

Уставниот суд ја поништи одлуката што беше донесена во март 2024 година од техничката влада, со која тогаш раководеше Талат Џафери.Судот утврди дека одлуката не е во согласност со Уставот и законите, бидејќи Владата дозволила ИВЗ да биде основач на средно училиште.