ДУИ го осуди молкот на државниот врв околу рускиот напад на Суми

демократската унија за интеграција реагира на молкот на државниот врв околу рускиот напад во Суми иако реагираше целата меѓународна заедница.
-Во текот на изминатиот ден, САД, ЕУ и целиот демократски свет, јавно и јасно го осудија ужасниот руски ракетен напад врз Суми и изразија сочувство за десетиците цивилни жртви. Во исто време, од Северна Македонија – молк. Нема реакција од Претседателот, нема став од Премиерот, нема ниту било каква реакција со јасен израз на несогласување со ова злосторство“, велат од ДУИ.
„Ова не е пропуст, туку ова е свесна стратегија за приближување на земјава кон алтернативните центри на геополитичко влијание. Ова е манифестација на цената што државата ја плаќа под тежината на индиректните кинески заеми и засиленото руско влијание на клучните позиции во власта. Владата не пропушти да го осуди военото злосторство, туку ја избира тишината за јавно да ја демонстрира лојалноста кон новите партнери. Молкот на институциите во вакви моменти е пред сѐ срам за земјава.
Тоа воедно е и прекршување на нашата усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Униј. Тоа преставува издвојување од заедничките позиции на НАТО алијансата и на крајот, тоа е спротивно и на стратешкото партнерство со САД.
Дозволете во оваа прилика, во името на граѓаните на Република Северна Македонија, да изразиме целосна осуда за вчерашниот ужасен напад од страна на Руската Федерација врза градот Суми, при што десетици невини цивили ги загубија своите животи, што претставува акт на терор и воено злосторство. Изразуваме длабоко сочувство до семејствата на жртвите, но и потсетник до украинскиот народ дека и понатаму ја имаат поддршката од граѓаните на Република Северна Македонија“, се наведува во соопштението на ДУИ.