ДУИ гледа повторно наратив од пред 2001-ва

ДУИ реагираше на изјавата на премиерот дека „ДУИ треба да донесе креативни идеи“ и дека „поплаките за деградација на ситуацијата на Албанците се само заштита на корупцијата“, порачувајќи дека само се повторува паративот за Албанците од пред 2001 година само што зборот „иредентисти“ сега е заменет„ со корумпирани“.
-Состојбата на Албанците денес во Република Северна Македонија се враќа во атмосферата пред 2001 година. И тогаш, никој не сакаше да ги слушне автентичните поплаки на Албанците. Наместо тоа, тие легитимни реакции беа прогласувани за сепаратистички и иредентистички аспирации. Се ширеа наративи дека „Албанците се во добра положба“ — додека во реалноста беа угнетени, исклучени и невидливи во државните институции. Дури по потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, светот ја виде вистината: Албанците беа системски маргинализирани и дискриминирани.
Денес, 20 години подоцна, повторно се прават обиди да се замолчат легитимните поплаки на Албанците — но со нов наратив. Не повеќе како „сепаратисти“ или „иредентисти“, туку како „корумпирани“. Иста содржина, само со нова амбалажа.Стар обид да се релативизира вистината, да се пренасочи дебатата и да се покрие реалноста која секој граѓанин ја чувствува.
Ако премиерот бара креативни идеи, тогаш му предлагаме неколку:
• Не го допирајте Охридскиот рамковен договор – тој е темелот на соживотот и гаранција за еднаквост.
• Не го допирајте Законот за употреба на албанскиот јазик.
• Да спроведеме целосен ветинг на сите функционери од 1991 година до денес – да се истражат имотите, изворите и начинот на кој се стекнати.
• Да се отвори повторно процесот на приватизација – за да се открие како беше ограбено јавното богатство и кој профитираше од тоа.
Ова се креативните идеи што се потребни на државата.Не големи зборови за прикривање на новите неправди, туку храброст да се соочиме со старите вистини, порачаа од ДУИ.