ДУИ бара казни до пет илјади евра за непочитување на законот за јазици


ДУИ пак продолжуваат со реториката дека е загрозена употребата на албанскиот јазик. Според нив  Уставниот суд не смее да го чепне законот за јазиците, бидејќи така ќе се сруши Рамковниот договор. За нив проблем останува и балансерот, за кој во минатото се согласиле да се укине, а сега гласно се бунат против тој потег.

Додека се чека одлуката на Уставниот суд, од ДУИ повикуваат да се казнува непочитувањето на законот за јазици.

-Уставниот суд не може да излезе над против Уставот, значи јасен е Уставот по однос и на етничката припадност, која што е воведена со Рамковниот договор и по однос на јазикот. Очигледно Уставниот суд има политички притисок бидејќи мора да реализира партиска политичка програма. Етничката припадност, односно правичната застапеност е основно уставно право, основно човеково право. Мислите луѓето цел живот ќе продаваат на тезга или ќе заминат на печалба, изјави потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи, по повод одбележувањето на Денот на албанската азбука.