Дудуш се заканува дека ѓубрето ќе го донесе пред Град Скопје – но, што има фрлено околу контејнерите?
Градоначалникот на општина Шуто Оризари, Курто Дудуш, остро реагираше на одлуката на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, да ја запре акцијата за собирање смет во оваа општина. Според Дудуш, оваа одлука е одмазда поради неодамнешниот протест на жителите на Шуто Оризари пред канцеларијата на Арсовска.
– Данела одлучи да ја казни цела општина заради мирен протест. Ова не е само неодговорно, туку нечовечко, особено кога живееме во услови на огромно загадување – вели Дудуш.
Тој нагласи дека последиците од ваквата одлука се веќе видливи – улиците на Шуто Оризари се преплавени со отпад, што не само што создава здравствена криза, туку и дополнително го загрозува животот на граѓаните.
Жителите на Шуто Оризари веќе се организираат, поддржувајќи го ултиматумот. Тие бараат итна реакција од градските власти и предупредуваат дека оваа ситуација може да прерасне во сериозна еколошка и здравствена криза.
Погледнете го тука видеото за состојбата во Шуто Оризари.
Ако се изгледа видеото, што самиот градоначалник на Шуто Оризари го лиферува на фејбук, може да се забележи дека контејнерите се претрупани со несоодветно ѓубре. Комунален смет многу малку се забележува. повеќе се тоа автомобилски гуми, цели троседи, душеци и сунѓери од мебел, картонски кутии и слично, што и онака не треба да се изфрлаат во конртејнерите на комунален смет, што ги собира „комунална хигиена“.
Дополнително на повеќе места се гледа дека пред ѓубрето се паркирани колони возила, па камионите и да сакаат не можат да ги испразнат контејнерите. на други исечоци од видеото се гледаат купови депонии на места каде и нема контејнери, во близина на маркети. Цели ѕидови се „потпрени“ со различен отпад, а тоа тешко дека е забележливо или под надлежност на „Комунална хигиена“.
Неспорно дека Скопје се дави во ѓубре, но некои состојби не моат да се префрлат на одговорност на јавното комунално претпријатие и во надлежност на Градот.
Фотографиите се принтскрин од видеото
„Комунална хигиена3 викендов расчисти дива депонија во Бутел
Во меѓувреме, викендов, ЈП „Комунална хигиена“-Скопје расчисти обемна дива
депонија лоцирана на улицата Цетинска во скопската општина Бутел.
Екипите на претпријатието подигнаа и транспортираа приближно 60 кубни метри
кабаст, мешан комунален и градежен отпад одложени на јавна и тревна површина. Во
рамките на активностите беа употребени и специјалните возила – багер, патарки и рол-
кипер.
Улицата „Цетинска“ во општината Бутел претставува „црна точка“ каде што ЈП „Комунална
хигиена“-Скопје континуирано се соочува со непрописно одлагање отпад, со што
значително се загадува животната околина во оваа скопска општина.