„Дубиоза колектив“ вечерва на маалскиот терен „Марко Божиновски“ во Ново Лисиче

Вечерва, за прв пат, се организира меморијален фестивал наречен „Нема ред“.
Идејата за организирање на фестивалот е прераното заминување на Марче (Марко Божиновски), а се со цел да се продолжи неговото име како и да се помогне на Фондацијата „Марко Божиновски“ во остварување на својата примарна цел, а тоа е поддршка на млади и талентирани спортисти.
„Нема Ред“ се најтешките зборови кои може да се изговорат кога ќе згасне една младост. Затоа, само нека оди се по ред … Останатото е лесно, велат од Фондацијата.
За оние кои сакаат да ги поддржат активностите на Фондација „Марко Божиновски“, тоа може да го направат на следните броеви за донација: Т- Мобиле 143 402 и А1 143 123.