Државниот завод за статистика одбележува 75 години со специјална веб-страница


Државниот завод за статистика на 1 јуни одбележува јубилеј – 75 години од своето постоење и по тој повод промовираше специјално посветена веб-страница за скромните почетоци и достигнувањата.

Посетителите на страницата може да се запознаат со краток историјат на македонската статистика и да разгледаат фото галерија од изминатите 75 години.

Поставени се и обраќања, по повод јубилејот, на директорот на ДЗС Апостол Симовски, премиерот Оливер Спасовски, министерката за финансии Нина Ангеловска, гувернерката на НБРСМ Анита Ангеловска-Бежоска и претседателот на Сoветот за стaтистика Благоја Марковски.

На страницата е посатевна и изложба подарени дела од Живко Поповски – Цветин, Статистиката не е само бројка.