Дрскост од Софија, ќе водат истрага за македонски граѓани

Окружно јавно обвинителство на Софија поведе предистражна постапка поради закани по животот упатени кон Христијан Пендиков, кој беше повреден во инцидентот пред угостителски објект во Охрид на 19 овој месец.
Како што информира портпаролката на Јавното обвинителство, Сијка Милева, Пендиков поднел пријава до Генералната дирекција за борба против организираниот криминал (ГДБОП) при бугарското Министерството за внатрешни работи дека во објава на социјална мрежа „му била упатена заканувачка порака на македонски јазик“, како и дека на интернет биле објавени негови фотографии со повици за „насилство врз него“.
Според Милева, надлежниот јавен обвинител наредил ГДБОП да извиши увид по пријавата.
– Обвинителството на Република Бугарија ја претвори во своја кауза поведувањето постапки против злосторствата од омраза, со кои се соочува и целата европска заедница, додаде Милева.
Ваквата најава значи дека Бугарија има намера да гони судски македонски граѓани и со тоа да излезе од механизмот договорен со нашата држава за справување со говорот на омраза во двете земји. На индиректен начин Софија отвора простор и ние во иднина да гониме бугарски провокатори и негатори и да ги апсиме ако се обидат да ја преминат границата. некои медиуми и лиферуваат информации чија цел е да се заплаши јавноста, а според кои новинари, професори, политичари од Македонија, за кои Бугарија смета дека работат против бугарските интереси, ќе се најдат на некаква нивна црна листа и нема да можат да стапнат на бугарска територија.