Дрон со експлозив слета во бугарско одморалиште


Министерството за одбрана на Бугарија денеска соопшти дека испратило специјална единица за проверка и деактивирање на беспилотно летало со експлозив што слета во црноморскиот град Тјуленово во неделата навечер.

„Синоќа околу 21 часот и 30 минути на 112, нешто по 22 часот е добиена пријава, просторот е опколен од полиција со забрана за пристап на луѓе и користење на терасите на угостителските објекти“, изјави Маријан Зечев, од градоначалник на Шабла, општина во која спаѓа и Тјуленово.

Тој додаде дека дронот е пронајден на карпите покрај закотвените бродови на тоа место.

„Дронот имаше контејнер со експлозив“
По увидот, тимот ќе одлучи како да се ослободи од дронот, се вели во соопштението на Министерството за одбрана, во кое се додава дека тимот е испратен на барање на регионалната влада.

Туристичкиот град Тјуленово се наоѓа на 70 километри од романската граница. Бугарските медиуми објавија дека беспилотно летало со експлозив слетало во неделата доцна навечер.

Веб-страницата Nova.bg објави, повикувајќи се на сведоци, дека дронот бил долг меѓу 3 и 3,5 метри.

Се наведува и дека имал контејнер со експлозив.