Дресот „Божјата рака“ на Марадона може да достигне цена од два милиони долари

Дресот што го носеше Диего Марадона кога го постигна славниот гол „со Божја рака“ на мечот против Англија на СП 1986 во Мексико може да се продаде на аукција за два милиони долари откако славниот Аргентинец почина во средата, тврди еден американски експерт за спортски сувенири.

Дресот е сопственост на поранешниот англиски репрезентативец Стив Хоџ, кој го доби од Марадона по мечот во Мексико, пренесува Сеебиз.

„Одев низ тунел и Марадона доаѓаше од спротивната насока. Само што го соблеков дресот и ги заменивме таму, тогаш“, рече Хоџ, кој по натпреварот заради ТВ-интервју остана подолго на теренот.

Дресот во моментов е изложен во Англискиот национален фудбалски музеј во Манчестер.

„Многу е тешко да се одреди вредноста на дресот ‘Божјата рака’, но знам дека сопственикот бара два милиони долари на приватна аукција“, рече експертот за спортски сувенири Дејвид Амерман. „Тоа би можело да биде можно со оглед на тоа што во фудбалот вредностите скокнаа.

„Тешко е да се очекува дека ќе добие два милиони долари, но не гледам зошто некој што има пари не би сакал такво нешто – не можете само да ставите цена на тоа. Ако ја пронајдете вистинската личност на вистинското место, тоа е реална можност“, објасни Амерман.

„Неодамна продадовме за 10.000 американски долари копија од фудбалската лична карта на Марадона, кога тој беше дебитант. Тоа е лична карта што вредеше можеби неколку стотици долари пред неколку години, а тоа беше пред неговата смрт. Вчера видов една на Интернет за која што се бараа 20.000 американски долари.