Драматичен тренд во Хрватска: Секоја недела бројот новозаразени се зголемува за 1.000 дневно
Во последните 24 часа во Хрватска забележани се 2.293 нови случаи на зараза со корона вирус, а починаа 28 пациенти. Пред седум дена имаше 1.301 случај, а пред 14 дена – 908, па видливо е дека продолжува драматичниот тренд на пораст на бројот на зарази.
Бројот на активни случаи изнесува 17.841. Од нив 1.091 пациент се на болничко лекување, а 131 на респиратор.
Оздравеа 418.446 лица, од нив 1.743 во послендите 24 часа. ДО денеска тестирани се 3.034.685 примероци, или 8.652 во последните 24 часа..
Вчера имаше 3.585 заразени од 11.193 теситрани, што изнесува 32 отсто од анализираните. Починаа 25 пациенти, што значи дека Хрватска има над 9.000 починати од почетокот на пандемијата и е високо на скалата пд земјите од ЕУ, но и во светот. Во минатиот бран на пандемијата смртноста од корона изнесуваше два отсто, а засега е 0.5 отсто, што значи дека умира по еден пациент на 200 заболени.
Очекувано, најголем удел во новодијагностицираните имаат младите од 10 до 19 години, односно вчера такви беа 759. Исто така, голем е процентот на заразени студентии работно активни граѓани на возраст од 20 до 50 годин или 1.690 позитивни на Ковид-19.
Со оглед на тоа дека делта сојот е позаразен и лесно се шири,се покажува дека престојот во затворени простории, особено ако не носат маски, значително ја зголемува опасноста од зараза.
И болниците се полни, па наскоро може да има голем проблем кога ќе се поклопи со заразата од грип. Имено, влера во болница се лекуваа 1.033 пациенти, а 128 беа на респиратор. Што значи дека за една недела бројот на хоспитализирани се зголемил за 162.
Ако продолжи овој тренд, следниот месец на лекување во болница може да има над 2.000 пациенти, што значително ќе ја намали достапноста за другите пациенти со други заболувања.