Драчево ќе добие ново училиште после 100 години


Нов училиштен објект денеска почна да се гради во Драчево, со средства од централниот буџет, а Општина Кисела Вода ги обезбеди сите потребни документи.
 
„Секогаш е задоволство да се биде дел од нешто убаво, нешто што започнува да се гради. Трет ден уште едно ветување исполнето пред граѓаните, граѓаните во Кисела Вода, во Драчево ќе добијат објект после 100 години училиште. Стариот објект е стар точно 100 години. Јас би сакал да посакам многу деца да го користат овој нов објект, бидејќи децата се нашата иднина и сè што правиме во нашите животи правиме за дечињата, да бидеме горди на тие што ќе нè наследат“, рече премиерот Христијан Мицкоски, кој присуствуваше на поставувањето на темелите.
Инвестицијата е поголема од 1,5 милиони евра, средства обезбедени од централниот Буџет, за изградба на ОУ „Свети Климент Охридски” во Драчево, Општина Кисела Вода.