ДПМ ќе објави членови на жири-комисии и добитници на пет годишни награди


Б. Грданоски

Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) денеска на прес-конференција во 12 часот ќе ги соопшти членовите на жири-комисиите задолжени за доделување на годишните награди за 2024 година, како и петмината добитници на наградите.

Како што најавија од ДПМ, ќе бидат објавени добитниците на наградите „Стале Попов“ за најдобро прозно дело, „Ацо Шопов“ за најдобра збирка песни, „Ванчо Николески“ за најдобро дело за деца и млади, „Димитар Митрев“ за најдобро дело критика или есеистика и „Мост“ за најдобро дело објавено од член на ДПМ на некој од јазиците што го зборуваат националностите во Македонија. Сите дела се објавени од членовите на ДПМ.