ДПИ: Казнети осум трговци, денеска се проверуваат бурекџилниците и малите маркети


Фото: Б. Грданоски

Во согласност со Одлуката на Владата за посебни услови за трговијата на одделни стоки (Сл.
Весник на РСМ бр. 196/24) извршени се над 60 надзори на цела територија на Република
Северна Македонија. Издадени се 8 прекршочни платни налози во висина од над 1.196.000
денари, а кај останатите субјекти постапките се во тек.

Денес се контролираат бурекџилниците, помалите маркети и останати трговци на мало.
Излезени се 47 тимови на терен, односно 135 инспектори на ниво на цела Република Северна
Македонија.

Напоменавме и во текот на вчерашниот ден, дека толеранција нема да има и трговците имаат
обврска да ја почитуваат Одлуката.