Досега запленети 100.000 парчиња пиротехника


 

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, по денешната работна средба со раководствата на СВР Куманово и Регионален центар за гранични работи Север, одговарајќи на новинарско прашање за количество на запленети пиротехнички средства истакна дека МВР заедно со Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија спроведуваат превентивна кампања за злоупотреба на пиротехнички средства. Во однос на количеството на запленета пиротехника, министерот Спасовски истакна:

„Досега имаме запленето околу 100.000 парчиња пиротехника, од кои 4.000 се токму на територија на Општина Куманово”, рече министерот, при што упати апел до граѓаните да не се користат пиротехнички средства за време на прославите.
 
„Уште еднаш сакам да упатам апел до сите граѓани, пред се до младите и да порачам дека нема убавина во прославување со пиротехника, заради тоа што во сериозност се става здравјето и животот на сите нас. Да прославуваме на начин што ни причинува  задоволство, но никако со оружје или пиротехника со кои можеме да  го загрозиме сопствениот и животот на најблиските и околината”, апелираше  Спасовски.