Донирани прочистувачи за воздух во училиштето во Трубарево

Во партнерство со Екотип и во координација со Општина Гази Баба, вчера беа донирани прочистувачи за воздух во ООУ „Крум Тошев“ Трубарево, училиште кое се најде во непосредна близина и изложеност на последиците од неодамнешниот пожар, кој ги остави децата надвор од училишните клупи и го наруши секојдневието на жителите.
„Со оваа донација како компанија сакаме да дадеме пример во насока на подигнување на индивидуалната и колективната свест, затоа што иднината на децата е одговорност на секој од нас, со надеж и желба дека информацијата ќе стигне и допре до што повеќе луѓе, компании и истомисленици“, велат од комапнијата.
Опремата која е донирана во училиштето е од врвен германски производител, со hp14 филтер кој е единствен од таков тип на пазарот и како медицински филтер ги исполнува стандардите за чистота на воздухот и во операциони сали.