ДОМ разочаран поради „грубите политички манипулации“ со независните кандидати ожници на партиските монополи

Демократска обнова на Македонија (ДОМ) изразува длабоко разочарување и осуда за најновите измени на Изборниот законик кои предизвикуваат системска блокада на независните кандидати за градоначалници и членови на општинските совети. Зелената партија ДОМ го кажува она што сите го знаат: зад овие технички измени стојат груби политички манипулации и партиски договори што ја кршат основата на демократското учество, се вели во соопштението од ДОМ.
-Согласно неодамнешната одлука на Уставниот суд, првичните прагови за собирање потписи за независни кандидатури од 1% од вкупните гласачи по општина беа прогласени за неуставни, но во законодавниот вакуум се врати скоро идентична бројка од 0,95%. Истовремено, на денот на распишувањето на локалните избори претседателот на Државната изборна комисија, Борис Кондарко, со неодговорни и неодредени изјави дека „де факто не постои потреба за собирање потписи за кандидатура на независните“ ги демотивира граѓанските активист(к)и во обидите за формирање на сопствена партија оставајќи ги сите збунети меѓу нејаснотиите и законските бивалентности.
Гледаме дека измените се иницирани од владејачкото мнозинство (ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ, ВЛЕН) а сигурно ќе најдат поддршка од истиот тој СДСМ кој го креираше првичниот закон. Ова здружување на „големите“ партии против „малите“ иднини на независните кандидат(к)и покажува дека политичките елити не се заинтересирани за внесување свежи идеи и граѓанска енергија во локалната самоуправа, стои во реакцијата за измените поравени како по рецепт на Александар Вучиќ.
ДОМ бара итно повлекување на штетните измени, пропишување јасно дефинирана и правично спроведена процедура за потписи и учество на изборите, како и веднаш да се определат пофлексибилни рокови за независните кандидатури.
-Само така можеме да ја гарантираме слободата на избор и да имаме вистински плурализам на политичката сцена.Зелената партија ДОМ останува на страната на сите храбри и независни кандидат(к)и – заедно се бориме за локална демократија која не прави разлика помеѓу „партиски“ и „граѓански“ глас, туку ја слуша единствено волјата на луѓето, порачаа од партијата.