Долгорочно, сите пациенти од Кочани ќе се лекуваат на државна сметка
Сите трошоци околу пациентите кои се здобија со повреди во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, ќе бидат подмирени од Владата и тоа долгорочно.
Исто така, сите третмани ќе бидат овозможени во болницата во Кочани, место првичниот план, тие третмани да се обавуваат во трите болници во Скопје, Клиничкиот центар, „8 Септември“ и „„Св. Наум Охридски“, соопшти денеска директорот на ФЗОМ, Сашо Клековски.