Доларот зајакна, еврото ослабе


На девизните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути порасна минатата недела, по две недели пад, додека инвеститорите проценуваат дека е речиси сигурно дека и американската ФЕД и Европската централна банка ќе ги намалат каматните стапки во септември .

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на САД во однос на шесте најважни светски валути, минатата недела зајакна за 1,1 отсто, на 101,73 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на еврото порасна за 1,3 отсто, па цената на еврото се лизна на 1,1048 долари. Американската валута зајакна и во однос на јапонскиот јен, за 1,2 отсто, па нејзиниот курс скокна на 146,17 јени.