Доларот ослабе во однос на повеќето валути
Вредноста на доларот во однос на кошничката валути на пазарот малку се намали.
Индексот на доларот кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути се движи околу 106,40 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 106,53 поени.
Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се движи околу 134,10 јени, додека вчера во овој момент изнесуваше 133,39 јени.
Но американската валута ослабе во однос на европската, па цената на еврото од вчерашните 1,0158 порасна на 1,0177 долари.
Цените на нафтата благо пораснаа, откако вчера паднаа на најниско ниво од почетокот на руската инвазија на Украина.
Цената на барелот на лондонскиот пазар се зголеми за 0,10 отсто, на 92,43 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,22 отсто, на 86,72 долари.