Доктор открива кое масло е најопасно по здравјето: Ни случајно да не го користите за пржење
Употребата на масла во исхраната, како и другите масти, треба да биде ограничена, освен ако не се однесува на здрави масти.
Дали знаевте дека не секое масло е подеднакво здраво или нездраво? Докторка открива кои масла треба да се избегнуваат и кои се најлоши!
Постојат две причини зошто овие масла се лоши за нас – прво, тие се рафинирани, што значи дека се изложени на хемикалии за време на процесот на формирање и во тој процес ги губат сите природни добри својства. Антиоксидансите, минералите и витамините исчезнуваат и само се дебелееме, вели д-р Кејт Шенахан.
Потоа, тие содржат големи количини на полинезаситени масти, кои не се сами по себе нездрави, но кога се изложени на високи температури, стануваат нестабилни. Со текот на времето, овие масти се таложат во масните клетки на телото и доведуваат не само до гоење, туку и до воспалителни процеси кои се многу штетни. Најлошо од сè е пченкарно масло, но веднаш зад него се масло од репка, соја, сончогледово масло Лекарот вели дека маслиновото масло, како и маслата добиени од кокос или авокадо, се поздрави затоа што се ладно цедени и не се рафинираат. Бидете многу внимателни да не ги изложувате на високи температури.