„Дојде моментот што не го сакав“: Последниот говор на Модриќ на „Бернабеу“ во дресот на Реал Мадрид

Лука Модриќ (39) денес го одигра својот последен натпревар за Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“. Капитенот на Реал ќе го напушти клубот на крајот од оваа сезона кога ќе му истече договорот, а се збогуваше со навивачите на Реал откако го напушти натпреварот во 87-та минута со овации од целиот стадион.
Модриќ го напушти натпреварот со голем аплауз и скандирања од целиот стадион, а кога си замина ги поздрави сите свои сегашни соиграчи, некои поранешни како Тони Крос, како и неговата сопруга и деца. Играчите на двата тима му подготвија шпалир кога си замина.
„Тешко е, но на крајот победивме многу пати. Прекрасни моменти. Најголемиот трофеј е вашата љубов сите овие години, немам зборови да ја изразам мојата благодарност, а на крајот ќе кажам една фраза што навистина ми се допаѓа: Не плачи затоа што заврши, туку насмевни се затоа што се случи“, рече Модриќ во својот последен говор на „Сантијаго Бернабеу“.
Luka Modrić bids farewell to the Santiago Bernabeu
byu/Delmer9713 insoccer
\
„Дојде моментот што не го сакав. Многу е тешко. На крајот, тука најмалку плачев… но кога дојдов на стадионот, во соблекувалната… ми беше многу тешко. Еден натпревар за паметење? Тешко е да се издвои, но би рекол оној против ПСЖ. Беше неверојатно. Тогаш реков дека ќе ја освоиме Лигата на шампионите ако го поминеме тој натпревар.“
Уште еден последен танц на Светското клупско првенство. Ќе направиме сѐ што можеме да го донесеме трофејот тука и да славиме со нашите навивачи. Да се заврши кариерата во Реал Мадрид со таа титула би било неверојатно. Знаев дека ќе дојде овој ден… но никогаш не го замислував вака. Љубовта што ми ја покажуваат навивачите… јас сум без зборови“, заклучи тој.
По натпреварот, Реал почна да објавува разни работи поврзани со Модриќ на социјалните мрежи, а една од објавите го истакна бројот на години што ги помина во клубот, бројот на освоени титули и симболот на бесконечноста. „13 години, 28 титули, безброј спомени“, се вели во објавата.
Во последниот натпревар на иконскиот стадион во Мадрид, Модриќ и неговиот Реал го победија Реал Сосиедад со резултат од 2:0. Килијан Мбапе ги постигна двата гола за „Кралевите“. Модриќ го напушта Реал на крајот од сезоната по 13 години во кои стана најтрофејниот играч на клубот во историјата.
Од клубот се збогува и Карло Анчелоти, кој го извади Модриќ од игра во 86-тата минута, предизвикувајќи ерупција на трибините на „Сантијаго Бернабеу“. Модриќ и Анчелоти освоија сè заедно, а на официјалниот профил на Реал на Инстаграм беше споделена фотографија од нивната прегратка со натпис: „Зборови не се потребни“.
Навивачите на Реал изведоа специјална кореографија за збогувањето со Модриќ пред почетокот на натпреварот. Заедно со тоа, за време на натпреварот тие отпеаја песна создадена специјално за оваа пригода, која преведена од шпански звучи вака: „Модриќ, те сакам. Дојдов да те видам, Модриќ, те сакам. Дојдов да те видам, Модриќ, те сакам. Не сакам да те изгубам.“
Ова не е последното збогување на Модриќ со дресот на Реал. До крајот на сезоната се очекува да настапи на Светското клупско првенство во САД. На него ќе играат во Групата Х со РБ Салцбург, мексикански Пачука и саудиски Ал Хилал. Првите две екипи од секоја од осумте групи ќе се квалификуваат во осминафиналето. (Извор: Индекс.хр)