„Дојче банк“ под истрага за злоупотреба на еколошки производи


Германски обвинители денеска вршат претрес во канцелариите на „Дојче банк“ во Франкфурт по наводите за злоупотреба на еколошки производи.

Претресот е дел од истрагата за наводите дека „Дојче банк“рекламирала инвестициски производи како „позелени“ отколку што всушност биле.

Истражителите извршиле претрес по сомневање за инвестициска измама во канцелариите на банката и нејзината подружница за управување со средства, се наведува во соопштението на Обвинителството во Франкфурт.