Дојави за поставени бомби во училишта во Србија

Училишта на територијата на Пријепоље утрово добиле дојава за бомба, поради што децата биле евакуирани, а полицијата спроведува истрага.
Станува збор за основни и средни училишта.
Во исто време, во неколку училишта на територијата на Врање, пристигнале по е-пошта дојави за поставени експлозивни направи дури и пред децата да дојдат на училиште.
Двете најголеми основни училишта во Нови Пазар, „Братство“ и „Рифат Бурџовиќ Тршо“, утрово добија дојави за поставена бомба.
Директорот на Основното училиште „Братство“ Дејан Колунџиќ изјави дека ја виделе е-поштата откако работниците пристигнале во таа образовна институција и дека родителите и учениците веднаш биле информирани дека наставата нема да се одржува сè додека полицијата не спроведе истрага, јави РТС.
Истата постапка преземена и во Основното училиште „Рифат Бурџовиќ Тршо“.
Основното училиште „Братство“ е најголемото училиште во Нови Пазар со повеќе од 2.000 ученици, додека основното училиште „Рифат Бурџовиќ Тршо“ има нешто повеќе од 1.500 ученици.
Припадници на МВР на Србија вршат истрага.