Дојави за бомби во повеќе хрватски институции, во тек е евакуација


Врховниот и Вишиот кривичен суд во Хрватска добија дојави за поставена бомба, а во тек е евакуација на вработените.

Дојава наводно стигнал до Владата на Хрватска.

-Добивме информации за можни експлозивни направи во неколку судови во градот. Во соработка со одговорните лица на институциите се утврдуваат сите околности, наведува загрепската полиција за Индекс.хр.

Пред Врховниот суд во Загреб

Неколку стотици вработени во Општинскиот и Жупанискиот суд во Сплит се евакуирани од зградите поради дојава за поставена бомба.

Оваа информација за Хина ја потврди портпаролот на Жупанискиот суд, Динко Мешин, кој рече дека дојавата за бомбата ја добиле по електронска пошта во 9:24 часот.

Во дојавата наводно пишувало „Зградите ќе бидат урнати“. Не го игнорирајте ова. Бомбата е поставена“.

Полицијата е на терен со кучиња и во моментов се врши увид на објектите.