Дојави за бомби на повеќе места во Загреб. „Четири пријави се лажни“


Бројни хрватски медиуми и загрепската полиција утринава добија лажни дојава за бомби лоцирани на повеќе локации во Загреб, најмногу во Дубрава.

Испраќачот на мејлот тврди дека бомбите се наоѓаат во зградата на „Јутарњи лист“ на Мартиновка, кај трамвајската клучка во Дубрава, во Земјоделското училиште во Дубрава, во хотелот „Резиденс“ во Дубрава и во Полициската станица Дубрава.

Нема никаква опасност за граѓаните
Загрепската полиција веднаш по пријавата излегла на терен и извршила увид на локациите. Кај четири од нив не е пронајден експлозив, додека потрагата по петтата локација сѐ уште трае. Нема опасност за граѓаните, соопшти полицијата.

Иако загрепското јавно обвинителство не прецизира каде сѐ уште трае претресот, дознаваме дека се работи за редакцијата на „Јутарњи лист“, пишуваат хрватските  медиуми.

Во мејлот испратен до медиумите се наведува дека секоја експлозивна направа содржи експлозив Ц4 и нервен агенс сарин и дека имаат тајмер. Експлозиите беа најавени за денеска попладне.

Потпишно од Squad 9 Angles
Испраќачот тврди дека е дел од наводниот култ, Squad 9 Angles. Наводно станува збор за самопрогласен неонацистички и сатанистички култ.

„Добро утро, ние сме Squad 9 Angles, дел од Дубрава. Ја носиме смртта насекаде, во славата на Еон и сатаната, против демократската христијанска цивилизација, која со векови не оддалечува од човечката суштина. Човечката суштина е брутална, безмилосна. Ние не сме како тебе стадо говеда со ситни заби“, пишува во мејлот.