Дојави за бомби и во три училишта во Општина Центар, се вршат антитерористички проверки


Фото; Б. Грданоски

Утринава во ООУ „Киро Глигоров“ , ООУ „Димитар Миладинов“ и ООУ „ Гоце Делчев“ во Општина Центар беа добиени дојави за поставени експлозивни направи, соопштија од локалната самоуправа.

Веднаш по приемот на пријавите, полицијата излезе на терен и презеде мерки за безбедно евакуирање на учениците и вработените.

Во ООУ „Димитар Миладинов“ беа извршени детални антитерористички проверки, при што е утврдено дека станува збор за лажни дојави, па наставата продолжи редовно. Во ООУ „Киро Глигоров“, учениците беа навремено евакуирани, а наставата е прекината до завршување на целосниот увид. Во ООУ ,, Гоце Делчев “ каде денеска се прославува патронат и децата се ослободени од настава , во тек е полициска проверка.

Безбедноста на децата и вработените е наш врвен приоритет. Во координација со МВР ќе продолжиме да ги спроведуваме сите неопходни мерки за заштита.