Дојава за бомби во шест училишта во Скопје


Од проверката на „Јосип Броз“ - Фото: Б. Грданоски

Повторно евакуирана е гимназијата „Јосип Броз“ во центарот на Скопје, по дојава за поставена бомба

Освен во ова средно училиште истото се случувало и во останати пет во градот Скопје, информираат од полицијата за „Независен“.

„Денеска (02.11.2022) во СВР Скопје околу 14.30 часот е пријавено дека на меил адреси на шест училишта во Скопје е упатена закана за поставена бомба.

Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата.

Во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР за „Независен“.

Мината недела, два дена со ред имаше дојава за поставени бомби во девет средни училишта. Тие беа евакуирани, а дојавите сепокажаа лажни. Сепак, полицијата, иако откри дека мејловите се праќани од адреса насловена „протон“, не успеа да стигне до праќачот.