Дојава за бомба во СЦ „Јане Сандански“

Само неколку часа пред почетокот на најавениот музички концерт, салата „Јане Сандански“ во Скопје беше испразнета по дојава за бомба. Во 18:49 часот, непознато лице се јавило во СВР Скопје и тврдело дека во објектот е поставена експлозивна направа.
Публиката и сите присутни биле веднаш евакуирани, а полицијата започна антитерористичка проверка на просториите. По проверката, концертот на Пеџа Јовановиќ, кој беше прекинат поради дојава за бомба – продолжи.
“Во 21.18 часот завршени се антитерористичките проверки при што утврдено е дека се работи за лажна дојава и концертот ќе продолжи”, велат од МВР.