Доделување на наградите на ЕУ за истражувачко новинарство


Во Скопје денеска ќе бидат врачени наградите за истражувачко новинарство за 2020 година за Западен Балкан и Турција што ги доделува Европската унија.

На настанот, што ќе се одржи во 19 часот, најавено е обраќање на евроамбасадорот Дејвид Гир.

Целта на овие награди е да се промовираат достигнувањата на истражувачките новинари и да се подобри видливоста на квалитетното новинарство во земјите од Западен Балкан и Турција.

Наградата е продолжение на регионалната „Награда од Европската Унија за истражувачко новинарство“ во земјите од Западен Балкан и во Турција и е дел од тековниот проект „Зајакнување на квалитетните вести и независното новинарство во земјите од Западен Балкан и во Турција“ администриран од Балканската истражувачка репортерска мрежа (БиХ) во партнерство со седум медиумски организации. 

Активностите во земјава поврзани со конкурсот ги координира Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници како член на конзорциумот.

Организаторите најавуваат дека доделувањето на наградите ќе се одржи согласно здравствените протоколи и мерки односно ќе биде дозволен влез само со сертификат за вакцинација против Ковид-19.