Додека скопјани мрзнеа на автобуските, Арсовска била на семинар во Бразил
Додека граѓаните на Скопје се соочуваат со недостиг на јавен превоз, градоначалничката Данела Арсовска минатиот викенд учествувала на семинар во Бразил, без тоа да биде најавено од нејзиниот тим, објави порталот „Рацин“.
Во периодот од 14 до 17 ноември, Арсовска била дел од состанок на „Urban 20“ во рамките на Г-20, каде дискутирало за климатските промени и човековите права. Настанот, организиран од Обединетите градови и локалните власти (UCLG), собрл градоначалници од целиот свет, кои понудија решенија за социјални и еколошки предизвици.
Иако климатските промени се глобален приоритет, прашање е дали присуството на Арсовска беше навистина неопходно во услови кога Скопје се соочува со хаос во јавниот превоз. Во текот на нејзината посета, автобусите на ЈСП сообраќаа со минимален капацитет поради недостиг на гориво, оставајќи многумина да чекаат на минусни температури. Исто така Скопје беше високо на листата на најзагадени градови во светот.