Додека победува, Серена Вилијамс мисли и на модата


Австралија– Откако го започна овој Австралија опен со својот костим за една нога, Серена Вилијамс продолжи да ја комбинира модата со тенисот на начин на  моден експерт.

Вилијамс играше одлучувачки сет со Арина Сабаленка, и обезбеди победа од 6-4, 2-6, 6-4 со што се пресели во своето 54-то големо четврт-финале.

Потоа, во интервју Вилијамс, откри дека вниманието и е свртено наназад, викендов, кога беше вовлечена во дебата за ткаенини за нејзината модна компанија.

На прашањето за нејзиниот бизнис со облека, Вилијамс одговори: „Беше толку лудо – вчера на мојот слободен ден, еден наш човек беше надвор од канцеларијата… Како извршен директор, морав малку да се засилам. Бев на телефон со нашиот дизајнер и ги донесувавме последните нарачки и одлучував колку ткаенина ни треба за нашата нова колекција.

„ Мораме да играме утре, но мора да го завршиме ова. ’Бизнисот продолжува“.

Двете сестри Вилијамс студирале мода на Уметничкиот институт во Форт Лодердејл. Во тоа време тие беа обвинети дека во буквална смисла го тргнале погледот од топката. Сепак, фактот дека и двете сè уште се толку посветени на тенисот – Венус на 40 години, Серена на 39 години – сугерира дека нивните бизнис интереси надвор од тенискиот терен се исплатиле на долг рок.

Марката Серена е последната во низата брендови за облека. Вилијамс претходно работеше на вечерна облека, а потоа некое време се поврза со мрежата за домашен шопинг.

Откако Вилијамс ја лансираше најновата линија во 2018 година, нејзината пријателка, војвотката од Сасекс Меган Маркл ѝ стана вреден сојузник.

Маркл носеше еден од блејзерите на компанијата за време на турнејата низ Австралија истата година. Во интервју за магазинот „Бизнис оф мода“ во 2019 година, Вилијамс рече: „Тоа е она што јас му го кажувам на нашиот тим -„ Ние мора да се осигураме дека нашиот бренд е супер квалитетен, соодветен и за принцеза! “

Авантуристичкото чувство за облекување на Вилијамс не е секогаш поздравено од конзервативците на тенисот. Кога ги освои насловните страници со црн костим на Отвореното првенство на Франција во 2018 година, тогашниот претседател на Француската тениска федерација Бернард Гудичели рече дека ќе поттикне кодекс на облекување затоа што „Човек мора да ги почитува играта и местото“.

За среќа, непопуларниот Гудичели беше отповикан од својата функција со големо мнозинство минатата недела.

Во меѓувреме, Вилијамс ќе се соочи со светската број 2 Симона Халеп во последните осум, откако Халеп во три сета ја симна од власт актуелната шампионка на Ролан Гарос , Ига Свиатек. Кога Халеп беше прашана за Серена  таа не дозволи Џим Куриер да го заврши своето прашање пред да каже „Легенда … Таа е најдобра“. (Телеграф)