Добитникот на „Браќа Миладиновци“ на СВП ќе биде соопштен во Струга


Прес-конференцијата за соопштување на добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП се одлага. Првичниот термин 28.07.2023 (петок) во 10 часот во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје се одложува за 31.07.2023 г. (понеделник) во 11:30 ч. во Струга.

На прес-конференцијата ќе присуствуваат членовите на Жири-комисијата, а ќе бидат поканети и авторите од потесниот избор.

Во потесниот избор се најдоа пет книги. 

  1. Башевски Димитар – „Дни, години“, Слово
  2. Коцев Јосип – „Две мориња“, Антолог
  3. Михаилова Бошнакоска Гордана – „Мед и младост“, Макавеј
  4. Трајковски Дејан – „Филмски песни“, Бата прес милениум
  5. Ќулавкова Катица – „На врв на јазикoт“, Арс Либрис

На Конкурсот за наградата „Браќа Миладиновци“ кој беше распишан од 31 мај до 25 јуни, пристигнаа вкупно 35 наслови.