Доајените на културата „извисија“ – ништо од враќањето на разликата до највисоката пензија
Нема да се менува или дополнува Законот за култура за носителите на државните награди, ни потврди министерот за култура и туризам Зоран Љутков на денешната прес-конференција во Влада, на прашање на „Независен“.
Не поминала на седница на Влада барањето на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација за потребата од измени и дополнувања за Законот за култура, со цел, отстранување на утврдена индиректна и продолжена дискриминација кон носителите за државни награди од областа на културата и уметноста.Иницијативата се однесува на нееднаквата, односно различна методологија за пресметување на висината на надоместокот на корисниците на државните награди. Образложението на Владата било дека тоа би довело до дискриминација на останатите носители на државните награди од другите области.
Неправдата се однесува кон доајените на културата, добитници на државните награди по 2017 година, кои добиваат месечен паричен надоместок во висина на разликата меѓу пензијата што ја остваруваат и износот од 38.500 денари. Станува збор за триесетина истакната културни дејци кои веќе осум години го бараат ова право, кое им е укинато со измена во законот со која горната граница од која ќе се пресметува надоместокот наместо да биде врзано за растењето на највисоката пензија, ( која за 2016-та година беше 47.873 денари), беше фиксирана на 38.500 денари.
Надоместокот се исплаќа со средства од Буџетот на државата, преку Министерството за култура, сметано од денот на стекнувањето на правото на надоместок, па до крајот на животот. Ова законско право согласно евиденцијата на Министерството за култура го остваруваат над 70 уметници, односно стручни работници од областа на заштитата на културното наследство.
Образложението било дека овие бенефиции не придонесуваат за развојот на културата, а предизвикуваат големи финансиски последици на буџетот во делот на културата.
Л. Сабит
ДОБИТНИЦИ НА ДРЖАВНИ НАГРАДИ ОД ОБЛАСТА НА КУЛТУРАТА И УМЕТНОСТА ДИСКРИМИНИРАНИ СО ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ОД 2018
„11 Октомври” за 2018
- Ристо Лазаров, писател и новинар
- Петре Арсовски, актер
„11 Октомври” за 2019
- Петар Мирчевски, актер
- Димитри Дурацоски, писател и ликовен уметник
„11 Октомври” за 2021
- Павле Кузманоски; академски сликар
6. Бедиа Беговска; актер
„11 Октомври” за 2022
- Томислав Османли, писател
- Мицко Јанкуловски, ликовен уметник
„11 Октомври” за 2024
9.Лупчо Каров, мултимедијален уметник
10.Владимир Темков, ликовен уметник
11.Јовица Михајловски, актер
„Св Климент Охридски” во 2018
- Владимир Милчин, режисер
- Емилија Стаменковиќ (Џипунова), балетски уметник
- Томислав Османли; писател
„Св Климент Охридски” во 2019
15.Димитар Башевски; писател
- Весна Ѓиновска Илкова; оперски пеач
- Виолета Томовска; естраден уметник
„Св Климент Охридски” во 2021
- Јован Павловски, писател
- м-р Снежана Анастасова Чадиковска, музички уметник
- Елена Дончева, академски сликар – костимограф
„Св Климент Охридски” во 2022 годинa
- акад. Влада Урошевиќ, писател
- Исмет Рамиќевиќ, ликовен уметник
„Св Климент Охридски” во 2023 годинa
- Антонио Митрикески, филмски режисер
„Св Климент Охридски” во 2024 годинa
- Милован Стефановски,писател
25. Мирослав Масин, сликар
26. Рефет Абази, театарски и фимски актер
„23 Октомври” во 2023 годинa
- Роберт Јанкулоски, визуелен уметник
- Блаже Миневски, писател
„23 Октомври” во 2024 годинa
- Славе Ѓорѓо Димоски, поет
ДОБИТНИЦИ ОД ПЕРИОДОТ ПРЕД 2018-ТА
КОИ ПОРАДИ ПЕНЗИОНИРАЊЕ ВО ИЛИ ПО 2018-ТА
ГИ ДИСКРИМИНИРАЛА ПРОМЕНАТА НА ЗАКОНОТ
30.Славица Петровска – Галиќ, оперска певица
- Бранко Цветкоски, поет
- Милош Линдро – поет
- Стефан Хаџиниколов – ликовен уметник
- Јордан Плевнеш – писател