Доаѓа корона генерацијата: „Гризат, клоцаат…“
Иако се чини дека пандемијата на корона вирусот падна во заборав, најголем дел од последиците од ова зло дури сега пристигнуваат на наплата, особено кога станува збор за здравството и образованието, пишува Гардијан.
Под лупа на јавноста е и образованието и според најновите истражувања и заклучоците на експерти во Англија, се предвидува дека врвот на лошото однесување кај учениците по мерките против Ковид 19 ќе го достигне својот врв.
Според Гардијан, учениците кои беа десоцијализирани и образовани дома за време на пандемијата сега влегуваат во традиционално најтешките години, а во екот на пандемијата, 50 англиски средни училишта суспендираа повеќе од четвртина од своите ученици.
Наставниците кои ќе се вратат на работа следниот месец ќе се соочат со загрижувачки „врв на лошо однесување“ бидејќи помладите деца најтешко погодени од пандемијата влегуваат во тинејџерските години познати по нарушено однесување во училиштето.
„Последните официјални податоци, за 2022-2023 година, покажуваат дека најбрз пораст на исклучувања и суспензии има кај помладите ученици“, се наведува во текстот.
Патрик Роуч, генерален секретар на синдикатот на наставници, рече дека „нема сомнеж дека влошувањето на однесувањето прераснало во криза од пандемијата и тој предупреди дека може да се влоши“. Тој додаде дека зголемен број наставници пријавиле дека биле пцуени, им се упатувале закани, биле туркани, клоцани, каснати или удирани со тупаници и нападнати од ученици кои носеле оружје.
Постарите ученици, во 9-та и 10-та година, добија најмалку една суспензија во 2022-2023 година, исто така многу над нивото од пред пандемијата.
Стапката на напуштање на средното образование се зголеми најбрзо кај учениците од седмо и осмо одделение, особено кај девојчињата.
Ендрју Олд, професор во средно училиште и блогер кој го идентификуваше овој негативен тренд кај помладите ученици и девојчиња, рече дека за девет и десетгодишните, следните неколку години може да бидат најпредизвикувачките.
Сепак, може да зависи од тоа дали училиштата успешно се справувале со однесувањето на тие ученици во годините кога посетуваат средно образование, објави Блиц.