До сабота променливо облачно со пораст на температурите, за викендот дожд и снег
Од утре до сабота времето ќе биде променливо облачно со постепен пораст на дневната температура. Во одделни котлини се очекува појава на магла, особено во утринските часови, соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Од сабота кон крајот на денот, а особено в недела, се најавуваат локални врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни. На планините и на некои повисоки подрачја врнежите ќе бидат од снег.
Минималните утрински температури ќе се движат во интервал од -5 до 0 Целзиусови степени, а максималните дневни ќе достигнат од 1 до 7 степени.
Времето утре: Променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне ќе има локални врнежи од дожд и снег, а на повисоките места и на планините од снег. Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб јужен ветер.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди.
