До недела минусни температури, потоа над нулата


Фото: Б. Грданоски

Времето во следните денови ќе биде студено, но само до недела, потоа температурите се искачуват во позитива.

Имено, во петок ќе се задржи студено време со минимални температури кои насекаде ќе бидат негативни, а локално ќе се спуштат и под минус 10 степени. Од петок следува период на променливо облачно време с повремени локални врнежи, претежно од дожд.

Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, а температурите ќе бидат во пораст.