До април 2025 година ќе почнат градежните работи за третата фаза за Старата скопска чаршија


Фото: Б. Грданоски

До април 2025 година ќе почнат градежните работи за третата фаза за Старата скопска чаршија, најави денеска првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити.

-Старата скопска чаршија е од посебно значење за целата држава -смета тој.

Додека за третата фаза од плоштадот Скендербег има одлука да се изгради подземен паркинг за 400 возила, што ќе го реши главниот проблем за Старата скопска чаршија и ќе го заокружи проектот плоштад Скендербег.

Инвестицијата на проектот е околу 20 милиони евра. Битно е дека Чаршијата ќе биде попристапна за граѓаните и за туристите.

Тука има 700 дуќани и се важен економски капацитет за државата и економијата, рече вицепремиерот. Меџити нагласи дека работат на решавање на проблемот со паркинг места во Старата скопска чаршија.

-Владата донесе одлука да го реши главниот проблем на Старата скопска чаршија, а тоа е паркирањето. Воедно, работиме во две насоки – прво да се ослободи паркингот до хотел Буши каде има паркинг за 100 коли и кој 30 години не функционира бидејќи е претворен во магацин. Заедно со министерот за култура и со директорот работиме тој да се ослободи и да има нови 100 паркинг места – рече Меџити.