До 2040 година ќе потонат 12 милиони квадратни километри копно

Новото истражување покажа дека тлото буквално тоне под нашите нозе.
СПоред податоците на новото истражување, до 2040 година ќе потонат 12 милиони квадратни километри земја.
„Спуштањето на површината на копното е поренцијално разорна опасност која може да предизвика низа природни и антропогени каписли, но тоа е главно резултат на цврстата или течната мобилизација под површината“, се наведува во истражувањето.
Причините, главно, се резултат на човековата активност како црпење нафта, природен гас и подземни води.
„ВО следните децении глобалната популација и економскиот раст ќе ја зголемат побарувачкаѕа за подземните води, а црпењето на подземните води во комбинација со суша веројатно ќе го зголеми слегнувањето на земјиштето и ќе предизвика штети поврзани со тоа“, сметаат научниците.
Тие заклучија дека на најмалку 200 локации во 34 земји дошло до слегнување на тлото поради црпење на подземните води во последните 100 години. Повеќето градови се сместени на локации на кои им се заканува слегнување на тлото.
„Нашето истражување покажа дека на 1.596 поголеми градови, односно 22 отсто од 7.343 големи градови во светот им се заканува ризик од потензијално слегнување на тлото“, стои во истражувањето.
Опасноста е поголема заради фактот дека ризичните локации се населени или се наоѓаат околу густо населени урбани центри. Тоа значи дека ќе влијаат на голем број луѓе и на различни начини.
Научниците бараат од лидерите на земјите да воведат политики поврзани со слегнувањето на тлото, а тоа е посебно важно затоа што дополнително се зголемува и нивото на морињата.