До 2 април трае акцијата на ЈП „Водовод и канализација“ за отплата на долгови без пресметана камата


Фото: Б. Грданоски

ЈП „Водовод и канализација“- Скопје информира дека акцијата за отплата на долговите без пресметка на камата за задоцнето плаќање е во тек и ќе заврши заклучно со 2 април 2025 година.

Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека акцијата е во тек, а на граѓаните им се дава можност заостанатиот долг за потрошена вода (тужен и редовен), да го платат на рати без пресметана камата.

„Одлуката за спроведување на акцијата за отплата на заостанатите долгови без пресметка на камата не важи за органите на државната и локалната власт и другите државни органи основани согласно Уставот и со закон и институциите кои вршат дејности од јавен интерес утврден со закон, а организирани како агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија основани од Република Македонија или од општините, од градот Скопје, како и од општините во градот Скопје“, соопштуваат од претпријатието.