До 15 часот гласале 28,89 отсто од граѓаните со право на глас


Од 7 часот утрово до 15 часот, на денешните претседателски избори гласале вкупно 396.252 граѓани со право на глас.
Тоа е вкупна излезност од 28,89 отсто.

Претседателот на ДИК Оливер Дерковски ја соопшти излезноста во дел од општините: Аерoдром 35,45%,  Арачиново 14,75, Берово 34,75, Битола 32,82, Боговиње 12,12%, Бутел 29,24, Валандово 32,5, Велес 32,11, Врапчиште 12,28%, Гевгелија 39,26, Ѓорче Петров 33 проценти, Делчево 37,69, Доленин 16,75, Илинден 29,18, Кисела Вода 34,99, Карпош 37,69, Кавадарци 39,01, Македонски Брод 42,22, Охрид 36,77, Ново Село 31,75, Прилеп 43,85, Радовиш 22,89…

Дерковски рече дека резултатите што пристигнуваат од останатите општини нема многу да го променат процентот на излезеност.

Тој оцени дека врз база на податоците нема посериозни нарушувања на изборниот процес. Во ДИК се пристигнати 8 приговори за нарушување на гласачкото право, за што ДИК ќе расправа на седница по прес конференцијата.

Ова се резултатите од информации пристигнати до ДИК од 77,51 отсто од избирачките места.