До 13 јули пензионерите од Бутел може да аплицираат за финансиска помош

Јавниот повик за финансиска поддршка за пензионерите од општина Бутел е продолжен до 13 јули, известуваат од локалната самоуправа.
Право на финансиска поддршка ќе остварат:
– Граѓани кои имаат постојано живеалиште на територија на Општина Бутел
– Приматели на старосна, семејна или инвалидска пензија чијшто износ не е повисок од 21.909 денари.
Јавниот повик е отворен од 19.06.2025 до 13.07.2025 година.
Потребната документација може да се достави секој работен ден во просториите на Општина Бутел, од 09:00 до 15:00 часот, а исплатата ќе биде на принцип “прв дојден – прв услужен”, потестуваат од општина Бутел.